Црвен крст собира помош за настраданото население во Кичево

Црвен крст Општинска организација Кичево, во соработка со Општина Кичево во изминатите 24 часа обезбедила итна хуманитарна помош за евакуираното население, во вид на душеци, ќебиња, креветчиња, облека, храна, вода, хигиенски средства, како и топли оброци, информираат од таму.

„На терен, активно се ангажирани волонтери на Црвениот крст, со потребната техничка поодршка, кои постојано ја следат состојбата и одговараат на потребите на населението.

Дополнително сите заинтересирани граѓани и компании може да донираат парична помош на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ-300000001327866 ДБ 4030984271620 Комерцијална банка, со назнака помош на настраданото население во Кичево, со цел обезбедување дополнителна поддршка во наредниот период“, се вели во соопштението.

Поројните врнежи од дожд и эголемениот водостој на реките предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во кичевскиот регион. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението во Кичево, а се евакуирани околу 110 лица од загрозените подрачја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излеани реки, поплавени подруми и ниви, проблеми во сообраќајот: Дождот продолжува да прави проблеми низ целата земја

Евакуирани граѓани во Кичево поради поплави, слична состојбата и во Охрид

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести