Цвета Ристовска на седница на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) вчера беше избрана за нов заменик-претседател на ДКСК.
Таа доаѓа на местото на Билјана Каракашева Шулев, а функцијата ќе почне да ја извршува од 21. август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цвета Ристовска избрана за заменик-претседател на Антикорупциска
Мандатот и е шест месеци.
Во Антикорупциска, Ристовска дојде од Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Комисијата до после престојните локални избори ќе работи без претседател. Како што е познато Татјана Димитровска поднесе оставка откако од Основното јавно обвинителство беше обвинета за две кривични дела.
Обвинета е за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е еден од обвинетите во случајот „Адитив“, и за компјутерски фалсификат, бидејќи ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тест за сертификат за државна тајна.
еМагазин разгледа каков имот пријавила Ристовска кога станала член на Антикорупциска.
Каков имот пријавила
На свое име нема недвижен и подвижен имот.

На име на сопругот пријавила стан во скопски Центар.

На негово име пријавила и три возила.

Ја пријавила нејзината плата и платата на сопругот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“
Претседателката на Антикорупциска, по оставката, се враќа во Државниот завод за ревизија
Фото: Универзитет за туризам и менаџмент „Скопје“