Директорот на затворот во Шутка објасни како починал 54-годишниот притвореник, тврди дека секогаш бил спроведуван во болница

Смртта на 54-годишниот Мирсад Пушка во истражниот затвор Скопје е во фокусот на јавноста.

Пред да почине тој побарал лекарска помош, а неколку минути потоа лекар од Итна медицинска помош констатирал негова смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

54-годишен притвореник починал во затворот во Шутка

Неговите роднини обвинија за негрижа на институциите, бидејќи тој меѓудругото боледувал од рак, за што во Основниот кривичен суд не знаеле, бидејќи никој не ги информирал, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвореникот кој почина во затворот во Шутка имал рак, од Кривичен велат дека не информирал за тоа

Директорот на затворот, Бобан Утковски, за телевизијата Телма вели дека откако на Пушка му се слошило викнале Брза помош, која констатирала дека потребно е итно да се носи во болница, по што од затворот побарале и добиле усна согласност од судијката.

-Во меѓувреме почнал да губи свест, а не помогнале ниту обидите за реанимација, вели тој.

Тој тврди дека Пушка секогаш кога имало наредба од Судот бил спроведуван во болница и враќан назад затоа што не бил хоспитализиран.

Пушка беше еден од 36. обвинети во предметот „Синдром“, кој се однесува на поткуп и други злоупотреби во постапките за издавање на инвалидски пензии и туѓа нега.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести