Како работел фудбалскиот клуб Академија Пандев Брера лани

Фудбалскиот клуб Академија Пандев Брера АД Струмица лани остварил вкупни приходи од 60.505 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Најголем дел од приходите клубот ги оствари од приходи УЕФА – ФФМ во износ од 12.535 илјади денари, потоа приходи од субвенции, донации и други износи добиени од државни ваучери или општински органи – 11.394 илјади денари, приходи од продажба на играчи во странство – 20.540 илјади денари, од чланарина – 77 илјади денари, приходи од трансфери на играчи – 3.075 илјади денари, приходи од продажба од фан шоп – 1.119 илјади денари.

Сите приходи се потрошени во функција на дејноста при што е остварена загуба за годината во износ од 12.926 илјади денари, велат од таму.

Основачи на Друштвото се Брера холдингс од Ирска, кој поседува 90% од акциите и македонската фудбалска легенда Горан Пандев, кој поседува 10% од акциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести