Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, над 60 километри на час.
Утре наутро по одделни котлини ќе има услови и за појава на магла.














