Вецка Глинџуроска е храбро девојче од селото Двориште, Берово, кое се бори со тешка здравствена состојба – синдaктилија манус билатералис, редок вроден деформитет кој предизвикува искривување и спојување на прстите на двете дланки.
„Пред неа стои четврта по ред операција, од кои секоја е сложена и скапа. Дополнително, Вецка страда и од епилепсија, што го отежнува нејзиното секојдневие и медицинскиот третман. Таа нема здравствено осигурување, а семејството не е во можност самостојно да ги покрие сите трошоци.
Сега е моментот да ѝ подадеме рака! Секоја ваша донација – колку и да е мала – значи надеж за Вецка, за нејзините дланки да добијат нова функција, а таа – нова шанса за нормално детство. Да покажеме дека хуманоста живее! Помогнете ѝ на Вецка,“ се вели во апелот за помош.
За донации ОВДЕ.
Фото: Унсплеш