Да му помогнеме на 12-годишниот Божидар, кој боледува од рак

Божидар Коцевски има само 12 години, а веќе ја води најтешката битка – битка за својот живот. Во декември му беше дијагностициран Ewing sarcoma reg. thoracis I. dex. Досега примил 10 хемотерапии, а пред него е уште една – по што мора итно да замине на операција во Princess Maxima Centrum во Холандија.

„Операцијата не може да се изведе во Македонија, па ова е единствената надеж за Божидар. Времето е непријател – секој ден е од пресудно значење. Божидар е второ од три деца, момче со големо срце и талент за уметност.

Најмногу сака да слика и да го изразува светот низ боите и четките – свет кој сега му е загрозен од суровата болест. Неговото семејство самостојно не може да ги покрие огромните трошоци за операцијата и лекувањето во странство. Затоа, сега е моментот сите заедно да застанеме зад него,“ се вели во апелот за помош од ecrowd.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести