Градот Скопје почна со присилна наплата на данок на имот за 2021 година

Град Скопје од 26. јануари 2026 година започнал постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година.

Од таму ги повикуваат сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок.

Како што информираа од таму 37.655 физички и 1.926 правни лица не го подмириле долгот по основ на данок на имот за 2021 година, во вкупна вредност од 148.466.661 денари.

За 16.372 даночни обврзници, се изготвени и доставени Решенија за забрана на средства до деловните банки, додека преостанатите 23.209 решенија ќе бидат доставени до крајот на оваа недела, со цел обезбедување наплата на неплатените обврски.

Присилната наплата ќе продолжи кон сите даночни должници кои имаат долг спрема Градот Скопје.

Увид во состојбата на сопствениот даночен долг може да се направи преку електронскиот портал на Град Скопје: danoci.skopje.gov.mk, каде што е овозможено и електронско плаќање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести