Кој е Дарко Костовски, старо-новиот градоначалник на Бутел

Дарко Костовски е старо-новиот градоначалник на скопската општина Бутел.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Дарко Костовски, старо-новиот градоначалник на Бутел

Кој е Костовски

Роден е на 27. октомври 1988 година во Скопје.

Дипломирал на Правниот факултет ”Јустинијан Први” во Скопје, на насока политички студии, во 2011 година.

Тој е и магистранд на Правниот факултет ”Јустинијан Први” во Скопје, на насока применета политика и политички систем.

Работно искуство и политичка кариера

Работната кариера ја започнува во 2014 година, во Министерството за труд и социјална политика, како советник во кабинетот на министерот. Функцијата ја извршува до 2017 година.

На локалните избори во 2013 година е избран за советник во Општина Бутел, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ со четиригодишен мандат.

На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, функција што ја извршува до октомври 2021 година.

За градоначалник на Општина Бутел за првпат е избран во првиот круг на локалните избори, во октомври 2021 година.

Зборува англиски јазик.

Приватно

Тој е селектор и тренер на македонската таеквондо репрезентација, носител на црн појас трет дан во олимписко таеквондо и црн појас прв дан во џудо.

Градоначалникот две години беше дел од македонската џудо репрезентација и двапати државен сениорски шампион во џудо.

Тој е основач и тренер на таеквондо клубот “Бутел”. Како тренер, достигнал повеќе врвни резултати со македонската таеквондо репрезентација. Најголем успех е освојувањето на сребрениот медал на олимпијадата во Токио, во 2021 година.

Костовски е оженет со Тамара и е татко на Исидора и Тодор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга

Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани

Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица

Фото: Фејсбук/Костовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести