Општина Кочани доби нов градоначалник. Владко Грозданов ќе ја води Општината во следните четири години.
Зад него застана владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а во вториот круг од локалните избори го победи независниот кандидат Венко Крстевски, кој стана в.д. градоначалник на Општината по трагедијата во т.н. дискотека во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Кочани
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Грозданов
Тој е по професија доктор, специјалист гинеколог.
Има над 20 години работно искуство, а неодамна се врати во Општата болница во Кочани.
Претходно работеше во приватна болница во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје
Кој е Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Прилеп
Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица
Фото: Грозданов/Фејсбук














