Кои се новите пратеници, откако тројца станаа градоначалници

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов од коалицијата Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат новите пратеници во македонското Собрание, откако тројца пратеници од истата коалиција станаа градоначалници на последните локални избори.

Тие се следни на листата на коалицијата, а Стојановски доаѓа на местото на Игор Николовски, кој претходно ја известил Државната изборна комисија (ДИК) дека не го прифаќа мандатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода

Кој е Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Прилеп

Тие доаѓаат на местото на Бети Стаменкоска-Трајковска, која стана градоначалник на Општина Кисела Вода, Јане Мицевски, кој стана градоначалник на Општина Сопиште и Дејан Продановски, кој стана градоначалник на Општина Прилеп.

За новите тројца пратеници, ДИК го информира Собранието, кое треба да ги верификува нивните мандати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Општина Прилеп

Каков имот пријавила Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести