Десничарот Карол Навроцки (42) е нов претседател на Полска. Тој беше кандидат на опозициската конзервативна партија Закон и правда.
Освои 50,9% од гласовите на вчерашните претседателски избори, а либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, 49,1%.
Бидејќи Полска е парламентарна демократија, тој како претседател ќе нема големи ингеренции, но ќе има право на вето, па европските медиуми коментираат дека можеби ќе ја кочи проевропската програма на тамошната влада.
Навроцки подржува помош за Украина, но е против нејзино членство во НАТО, а исто така се залага за поголема сувереност на Полска од Европската Унија.
Фото: Фејсбук/Навроцки