Смртта на 46-годишниот Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК е во фокусот на јавноста. Тој седум месеци беше на лекување по пожарот во Кочани, каде во т.н. дискотека групата кобната ноќ имаше концерт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина и Панчо од ДНК: Бројот на загинати во пожарот во Кочани се искачи на 63
Со неговата смрт бројот на загинати во трагедијата се искачи на 63, а ден претходно почина и поранешен полициски инспектор, еден од осомничените во случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина поранешниот инспектор Владо Петров, осомничен за трагедијата во Кочани
Во пожарот загинаа уште осум членови на групата.
Загина пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.
По пожарот две месеци на лекување во Грција беше и гитаристот на ДНК, Горан Тонев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Фото: ДНК/Фејсбук