(Видео) Џејми Оливер отвори ресторан во Црна Гора

Еден од најпознатите светски готвачи, британецот Џејми Оливер го отвори својот прв ресторан во Црна Гора, “Jamie’s Italian Montenegro“.

Ресторанот е отворен во Бока Плејс, модерен дел од луксузната марина Порто Монтенегро во Тиват, а според црногорските медиуми тој планира да отвори ресторан и во главниот град Подгорица.

„Jamie’s Italian“ е глобално познат синџир на ресторани кој промовира автентична италијанска кујна со фокус на свежи состојки, рачно изработени тестенини и одржлива гастрономија. Брендот е основан во 2008 година.

Видеото ОВДЕ.

Фото/видео: Jamie’s Italian Montenegro/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести