Основниот кривичен суд Скопје вчера го одобри обвинението за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 62 лица, а беа повредени 203 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
Обвинението е одобрено во целост, а предметот ќе го суди судијката од Кривичен, Диана Груевска Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Груевска Илиевска
Таа работи во одделот Кривично полнолетни, а судијка според нејзината официјална биографија станала во февруари 2006 година.
Има 19 годишен судски стаж и претходен 17-годишен стаж како стручен соработник
На јавноста и е позната по неколку судски случаи.
Таа претседаваше со судечкиот совет во случајот „Ласкараци“, кој се однесува за автобуската несреќа во која загинаа 16 лица, а 37 беа повредени. Судењето поради супервештачење траеше подолг временски период, како и што се прогнозира дека ќе трае и судењето за трагедијата во Кочани.
Беше делегирана и како член на судечкиот совет кој го судеше предметот „Организатори на 27 април“.
Одреден период го судеше и предметот „Поткуп“ против поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев.
Таа го судеше и предметот во кој на поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски му се судеше за набавката на резервни тенковски делови во АРМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Суспендирани испектори на УЈП опфатени со предистрагата за пожарот во Кочани
Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани