Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, кој е претседател на Управниот одбор и генерален директор на компанијата, се стекнал со 25 нови акции, и сега поседува вкупно 31.900 или 12,31% од вкупниот број на акции.
Акционерот со над 5%, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд пак се стекнал со 113 нови акции, и сега поседува вкупно 16.703 или 6,44% од вкупниот број на акции.
Акционерот со над 5%, Настел ДООЕЛ продал 167 акции, и сега поседува вкупно 16.045 или 6,19% од вкупниот број на акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членот на УО на Реплек, Котески, купи акции на компанијата
Настел продаде нови акции во Реплек
Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на Душан Пецовски, првиот човек на Реплек














