Директорот на затворот во Шутка вели дека не е точно дека лице признало дека се негови телефоните кои беа најдени во ќелијата на Џеваир Камбери

Директорот на затворот Скопје во Шутка, Бобан Утковски го демантира адвокатот на обвинетиот Џеваир Камбери за трагедијата во Кочани, Насер Рауфи, кој на денешното рочиште рече дека 13. телефони и лаптоп пронајдени во неговата ќелија, каде е во притвор, биле на друго лице, кое само се пријавило, објави порталот Сакам да кажам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телефоните во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери не биле негови, се јавил вистинскиот сопственик, вели неговиот адвокат

-Не е точно дека има лице во затворот кое само се пријавило и кое признало оти телефоните и лаптопот се негови. Во ќелијата на обвинетиот Камбери се сместени уште две лица. Ниту еден од нив тројца не признава чии се апаратите. Ниту пак некој друг надвор од ќелијата признал такво нешто.

Според тоа, 13. најдени телефони во таа ќелија и лаптопот се заведени како имот на тројцата, што значи и на име на Камбери, вели Утковски за Сакам да кажам, кој меѓу друго посочува дека тој неможе да го казни Камбери, бидејќи во оваа фаза за него е надлежна судијката Диана Груевска Илиевска, која и привично ја соопшти оваа информација на претходното судење за пожарот во Кочани.

Камбери е обвинет за случајот како советник во Министерството за економија и е единствениот обвинет, кој освен за тешки дела против општата сигурност, е обвинет и за примање поткуп.

Според Основното јавно обвинителство тој се товари дека примал поткуп и изготвувал лажни службени исправи, при што, според Обвинителството, зел 226.000 денари или над 3.600 евра за да издаде фалсификувана дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ќелија на обвинет за трагедијата во Кочани најдени 13 мобилни и лап топ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести