Дојава за бомба во спортската сала „Јане Сандански“, каде што синоќа концерт одржа Девито

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 22.11.2025 година во 20:51 часот и 21:17 часот на линијата за итни повици 112 биле добиени телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа.

-Веднаш се преземени неопходните мерки и активности од страна на полициските службеници, извршени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од таму.

Синоќа во тој период се одржа концерт на популарниот помеѓу младите Девито.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести