Доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, таткото на Вања ослободен

Обвинетите за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски денеска беа осудени на доживотна казна затвор.

Таткото пак на девојчето, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет само за грабнувањето на неговата ќерка е ослободен од обвинението и е пуштен од куќен притвор.

Другите остануваат во затворски притвор додека пресудата да стане правосилна.

Семејствата на убиените оштета ќе можат да бараат преку граѓанска постапка.

Судењето траеше речиси осум месеци.

Ѓорчевска и Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември, а на 3. декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката на Вања и ќерките на Панче побараа отштета и доживотен затвор за обвинетите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести