Во првите девет месеци од годинава Димко Митрев АД Велес остварил нето добивка од 173 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година, истата е поголема за 288%, информираа од таму преку Македонската берза.
-Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 221.965 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2024 година е поголем за 10%.
По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 90%, приходите од домашен пазар со 2% и други приходи со 8%.
Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 221.792 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2024 година се поголеми за 10%.
-По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 89.895 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се зголемени за 1%.
Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 86.528 илјади денари и во однос на истиот период во 2024 година се помали за 2% и истите редовно се исплаќаат.
Во пресметковниот период од 01.01 до 30.09 2025 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 57.197 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 29.331 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешки Димко Митрев со зголемена добивка во првото полугодие














