Дрисла гори два дена, цело Скопје мириса на чад и на отрови

Денеска на територијата на државата се активни четири пожари, помеѓу кои и оној на депонијата Дрисла, која веќе втор ден го гуши Скопје со чад.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека скопските пожарникари во текот на целата ноќ се обидувале да го изгаснат, но гаснењето со вода не давало резултати, поради што се пристапило кон затрупување на најкритичниот дел од депонијата каде беше најсилното горење.

„Очекувам до попладневните часови овој дел да биде целосно затрупан и да престане чадењето кое предизвикува силни непријатности на граѓаните. Имаме индиции за намерно подметнат пожар, бидејќи во текот на летото, кога имаше високи температури, не дојде до самзапалување, туку сега, да речам се самозапали во наводници, кога температурите се пониски“, кажа Ангелов.

Денеска Управувачкиот комитет за управување со кризи ѝ предложи на Владата да донесе одлука за забрана за движење во дивата депонија „Вардариште“, за да се спречи потпалување на пожари.

Фото: Архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести