Вечерва со настап на американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез почнува Културното лето во скопска Кисела Вода, во рамки на кое Општината ќе го обележи и својот 70. роденден.
Културното лето ќе се одвива во четири вечери, на 26, 27, 28 и 29. јуни, на две локации – во Расадник (платото пред салата ,,Расадник”) и кај Крстот во Драчево.
Вечерва од 20:30 часот пред настапот на Санчез, диџеј сет ќе имаат DJ Mats, DJ Ampov и DJ Деан Мицкоски.
На 27.06 со почеток од 20:30 часот настанот продолжува кај Крстот во Драчево, каде ќе настапат КУД Китка, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска и Каролина Гочева.
Во сабота, 28.06, исто од 20:30 часот, во Расадник ќе настапат Next Time, 2Bona и Слаткаристика.
Во недела, 29.06, настанот ќе започне во парк ,,Македонија” во 10:30 часот, со богата детска програма во која се вклучени аниматори, забавувачи, децата од сите детски градинки, а во игрите без граници ќе можат да се приклучат и децата кои ќе одлучат да дојдат на настанот како публика.
Вечерта во Расадник, од 20:30 часот стартува финалната вечер на која ќе настапат Теа и 2Exit, а стенд-ап настапи ќе имаат Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски.
Водители на настаните ќе бидат Сашко Коцев, Драгана Левенска, Миро Кацаров и Верица Донев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американскиот диџеј Роџер Санчез утре ќе настапи во Кисела Вода
Фото: Општина Кисела Вода