Два водечки иновативни саеми во Скопје на едно место, Енерго Арена Борис Трајковски

Од 29 до 31. октомври 2026 година, Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане централно место за претставување на најновите достигнувања во енергетиката, технологијата, иновациите и недвижностите преку одржувањето на иновативните саеми Енерго Технома 2026 и Реал Експо 2026.

Под мотото „Вклучи одржливи навики“, Енерго Технома 2026 ќе ги обедини водечките компании, институции, експерти и иноватори од областа на техниката, технологијата, енергетиката и индустријата.

На изложбена површина од над 2.500 m², посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најсовремените производи, услуги и решенија кои го обликуваат развојот на современото општество. Саемската програма опфаќа широк спектар на области, меѓу кои енергетика, електро индустрија и електроника, метална индустрија и металургија, информациско-комуникациски технологии, телекомуникации, роботика, автоматизација, машинство, екологија и одржлив развој. Посебен акцент ќе биде ставен на обновливите извори на енергија, циркуларната економија, паметните индустриски решенија и дигиталната трансформација.

Во рамки на саемот, младите иноватори и стартапи ќе добијат можност да ги претстават своите идеи и проекти пред претставници на компании, инвеститори и професионалци од различни индустрии, отворајќи нови можности за соработка, професионален развој и вработување.

Паралелно со Енерго Технома 2026 ќе се одржи и Реак Експо 2026, специјализиран саем за недвижности кој на едно место ќе ги обедини водечките градежни компании, инвеститори, агенции и професионалци од секторот. Посетителите ќе можат да се информираат за актуелните понуди на станбени и деловни објекти, инвестициски проекти и развојни иницијативи од Македонија и регионот.

Реал Експо 2026 претставува единствена можност за сите кои бараат нов дом, деловен простор или атрактивна инвестициска можност, но и за компаниите кои сакаат директно да ги претстават своите проекти пред потенцијални купувачи, инвеститори и деловни партнери.

Покрај изложбениот дел, двата саеми ќе понудат богата програма со стручни презентации, деловни средби, промоции на нови производи и услуги, панел-дискусии и активности за вмрежување, создавајќи динамична платформа за размена на знаење, искуства и деловни можности.

Работното време на саемите ќе биде од 10:30 до 18:30 часот во текот на сите три дена.

Компаниите кои сакаат да ја претстават својата понуда, да воспостават нови деловни контакти и да ја зајакнат својата позиција на пазарот можат уште денес да го резервираат својот изложбен простор.

Пријавувањето за изложувачи е во тек. За повеќе информации и апликација за учество, заинтересираните компании можат да пополнат пријава преку официјалната веб страница на Скопски Саем.

Бидете дел од Енерго Технома 2026 и Реал Експо 2026 – местото каде што се среќаваат иновациите, бизнисот и иднината.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести