Скопје ќе добие модерен изглед на влезот од страната на Општина Сарај.
Проектот, како што информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, предвидува нов мост и кружен тек меѓу Сарај и Општина Ѓорче Петров.
Кружниот тек е со две сообраќајни ленти и челичен мост со должина од 110 метри.
Вкупната должина пак на новото булеварско решение, заедно со кружниот тек и мостот, изнесува 1.172 метри.
Исто така од двете страни се планира да бидат изградени велосипедски и пешачки патеки, како и тактилни патеки за слепите и слабовидните лица.
За овој проект се предвидени 420 милиони денари.
Фото/видео: Град Скопје














