За новогодишната ноќ, седум лица – двајца возрасни и пет деца, биле повредени од пиротехнички средства, информираа денеска од Министерство за здравство
Кај нив било интервенирано заради посериозни повреди на врвовите на прстите, а била извршена и ампутација на дел од прсти, со рани и изгореници на дланките.
Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија.
Фото: Unsplash














