Грчкиот ракометен клуб АЕК доби две годишна суспензија за настап во меѓународни купови од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), бидејќи не сакаше да го игра реваншот натпреварот со македонски Алкалоид од финалето на Европскиот куп во Скопје.
АЕК е казнет и парично со 20.000 евра.
Нашиот клуб пак е казнет со 5.000 евра, бидејќи “не му ја обезбедил на АЕК бараната бројка влезници за гостински навивачи“.
Алкалоид победи на првиот натпревар од финалето во Атина, Грција со 29-25, а мечот во Скопје го доби службено со 10:0 и го освои Европскиот куп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е РК Алкалоид: Како стигна до освојување на Европскиот куп
Фото: РК Алкалоид/Фејсбук