Четири лица осомничени за престрелката во Тетово во која загина едно лице, а беа повредени четири, меѓу кои и малолетничка и случаен минувач, заработија кривични пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични за кривичните дела „убиство“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „тешки дела против општата сигурност“ заработија Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и беше сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош и против 15-годишник од тетовското село Гајре, кој беше уапсен на 11. август
Кривични за кривичните дела „убиство“ (во обид)“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „тешки дела против општата сигурност“ заработија М.Т. (45) од Тетово и З.М. (37) од Гајре.
-На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени.
Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште.
Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.
Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена, велат од МВР.
За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена.
М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ