Две лица загинаа на патот Прилеп-Градско, автомобилот им излетал од пат

Две лица на возраст од 57 и 60 години загинале вчера откако нивниот автомобил излетал од коловозот на патот Прилеп-Градско.

Станува збор за Ќ.С. од Делчево, кој го упраувал возилото „ауди“ и неговата сопатничка С.С. од Делчево, кои како што информираше Министерството за внатрешни работи, од повредите починале на лице место.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а нивните телата се дадени на обдукција.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести