Вчера на локален пат во село Колибари, 15-годишна малолетничка од кичевското село Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција,“ велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Фото: Unsplash