Двојно убиство и самоубиство се случило во Велес, јавува велешкиот медиум Дума

Двојно убиство и самоубиство се случило попладнево во Велес, јавува велешкиот медиум Дума.мк.

 „Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат но не успеале. Потоа, исто така, примено е и машко лице на кое не можело да му се укаже лекарска помош бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт,“ изјави д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.

Неофицијално, една од верзиите е дека момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа и нанело повеќе убоди од нож а потоа и на нејзиниот татко, а потоа момчето си пресудило и на себе си.

Според други извори станува збор за поранешен сопруг кој што ја убива поранешната сопруга и нејзиниот татко.

Се чека официјална информација од СВР Велес.

Извор/Дума. мк Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести