Еден од напаѓачите на Арсовска доби условна казна

Реџеп Нуредини, еден од напаѓачите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доби условна казна од две години

Неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека на денешната главна расправа тој покажал искрено каење за стореното – „неговото грубо однесување спрема оштетената“.

„Меѓутоа, и самата градоначалничка покажа доблест да му прости за стореното на обвинетиот, дури и не се приклучи кон кривичниот прогон, ниту пак најави имотно-правно побарување, што помогна за изречената максимална алтернативна казна во случајот.

Во случајот постојат навистина олеснителни околности, не само извинувањето, каењето за стореното од страна на обвинетиот, меѓутоа и ветувањето дека ќе се чува од такви испади во иднина. Очигледен беше неговиот придонес за ефикасно завршување на оваа кривична постапка,“ изјави Рауфи. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напаѓачот на Арсовска, командант Барути, доби две години затвор

Почна судењето за нападот на Арсовска, обвинетиот се изјасни за невин

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести