Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија

Еден од дватта станови на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, кои беа продадени неодамна, го купил бизнисмен од Гевгелија, објави Фокус.

Станува збор за стан кој беше конфискуван за случајот ,,Плацеви на Водно”.

Како што пишува Фокус според податоците од Катастар, жител на Гевгелија, го купил помалиот стан на улицата Бихачка во Скопје, кој Груевски го користел како библиотека и работна соба.

Новиот сопственик Д.С, според податоците во Централниот регистер според Фокус бил локален бизнисмен во Гевгелија.

Се работи за стан со површина од 38 метри квадратни, а за него платил 90.000 евра. Станот се продаваше по почетна цена од 44.000 евра, а наддавањето заврши за двојно поголема сума.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден дел од имотот на Груевски за двојно повисока цена

На продажба станови на Груевски, на колку се проценети?

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести