Плаќај со Visa картичките од Комерцијална банка и собирај шанси за незаборавно фудбалско искуство во Барселона. Започна наградната игра на Комерцијална банка која носи ексклузивна можност за две лица – запознавање и дружење со светски познатата фудбалска ѕвезда Ламин Јамал и присуство на фудбалски натпревар на ФК Барселона на стадионот Капм Ноу.
Во периодот до 31. октомври 2026 година, секое плаќање со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature или Visa Gold картичка од Комерцијална банка носи една шанса (еден код) за освојување на наградата. А секоја трансакција со Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay носи двојна шанса затоа што се добиваат два кода.
Можност за учество во наградната игра „Плаќај со Visa и запознај се со Ламин Јамал“ добиваат и сите нови корисници на Visa картички од Комерцијална банка, кои со секоја нова активирана Visa картичка автоматски добиваат еден код.
Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за освојување на оваа награда која на еден среќен добитник и негов придружник ќе им овозможи да доживеат нешто што ретко кој фудбалски навивач може да го искуси – средба лице в лице со една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот и ексклузивно спортско патување во Барселона.
Извлекувањето на добитникот ќе се одржи на 3. ноември 2026 година.
Сите детали и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк.
ПР-објава














