Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој заврши во притвор, зел поткуп од 50.000 евра за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот, осомничен во случајот „Синџир“, објави порталот 360 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фехми Стафа доби притвор од 30 дена за поткуп од 50 илјади евра

Како што објави порталот Стафа бил адвокат на Пецов, а парите ги зел од неговата сестра. Поткупот бил за да Стафа издејствува кај судија од Апелациониот суд Скопје, замена на затворскиот притвор со куќен.

Пецов е во бегство.

Тој е еден од 26 осомничени лица во случајот „Синџир“, кои се сопственици и управители на 28 фирми.

Тие се осомничени дека создале шема за даночно затајување, преку која со издавање фактури со ДДВ за наводно извршени набавки, кои не постоеле, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра.

Пецов, заедно со Стојан Чифлигароски, кој исто така е во бегство, се осомничени дека се организатори на групата која вршела даночни затајувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стафа зел 50 илјади евра за да убеди судија да укине притвор: Детали за случајот за екс државниот правобранител од Обвинителството

Уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Фото: Државно правобранителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести