Разрешен судијата Енвер Беџети, кој од лани е на „црната листа“ на САД

Од страна на Судскиот совет со девет гласа „за„ е разрешен апелациониот судија Енвер Беџети, кој лани во декември заедно со поранешниот прв вицепремиер, бегалецот Артан Груби, беше ставен на т.н. црна листа на американскиот Стејт департмент.

На листата заврши поради учество во “значителна корупција“, како што информираа од Стејт департментот, односно дека со Груби ги поткопувале судските процеси поврзани со Сашо Мијалков, поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК).

За судијата, Основното јавно обвинителство Скопје, води и предистражна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се освен Артан Груби и Енвер Беџети е на „црната листа“ на САД

Фото: Унсплеш

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести