Каков имот пријавил судијата Енвер Беџети, кој е разрешен

Апелациониот судија, Енвер Беџети е разрешен од страна на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешен судијата Енвер Беџети, кој од лани е на „црната листа“ на САД

За неговото разрешување гласале девет членови на Советот, а како што е познато судијата лани во декември заедно со бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер, беа ставени на т.н. црна листа на САД.

Таму завршија како што информираа од американскиот Стејт департмент поради “значителна корупција“.

Според Стејт департментот двајцата ги поткопувале судските процеси поврзани со Сашо Мијалков, поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК).

За Беџети, Основното јавно обвинителство Скопје, води и предистражна постапка.

еМагазин разгледа како имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Апелациониот суд Скопје, според податоци на mkopen.org.

Каков имот пријавил

На свое име има куќа во Пирок, Тетово, која е подарок, стан во Тетово, деловен простор во Тетово, земјоделско земјиште во Пирок.

Вози „опел астра“, а возила пријавил и на име на родителите и децата.

Тогаш пријавил и два кредити, кои според тогашните податоци кои ги дал, треба да се вратени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести