ЕП изгласа продолжување на трговските олеснувања за земјоделските производи од Западен Балкан до 2030 година

Европскиот парламент (ЕП) усвои предлог за продолжување на трговските олеснувања за увоз во Европската унија (ЕУ) на одредени земјоделски производи од Западен Балкан до 2030 година.

Тоа значи дека до 31. декември 2030 година овошјето и зеленчукот што се извезува од Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора ќе биде ослободено од специфични царински давачки и овозможување пристап до глобална тарифна квота за вино со потекло од Западен Балкан.

Трговската размена меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан лани изнесуваше повеќе од 83 милијарди евра. ЕУ е водечки трговски партнер на регионот, сочинувајќи речиси 78% од вкупниот извоз на регионот и 59% од неговиот увоз.

Трговијата опфатена со овие мерки се зголеми за повеќе од 125% од 2018 до 2024 година, од 60,5 милиони евра на 137 милиони евра. 

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести