Фабрика Карпош АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила позитивен финансиски резултат (добивка по оданочување ) во износ од 44.811 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех за период 01.01-30.09.2025, што е за поголем од резултатот остварен во истиот период минатата 2024 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 868.665 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во третиот квартал минатата 2024 година се благо зголемени. Најзначјно учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативните активности и тоа продажба на најразлични бетонски елементи (столбови, рабници, цевки, шахти и сл.), изведба на градежни проекти и продажбата на станови.
Остварените вкупни расходи во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 823.854 илјади денари и во споредба со остварените вкупни расходи во третиот квартал минатата 2024 година се минимално зголемени, што е поврзано со деловна активност на компанијата.
Најголемо учество во оперативните расходи имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци (кооперантите) кој учествуваат со 35% во вкупните расходи.
Финансиските расходи бележат намалување во однос на финансиките расходи остварени од претходната година 2024, што се должи на намалувањето на вкупните кредити, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Фабрика Карпош во првото полугодие
Договор од 653,5 илјади евра склучи Општина Илинден со Фабрика Карпош
Фото: Унсплеш














