Фатон Нури (25), кој на 1. јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата во Скопје со мотор го усмрти Југослав Николовски (68) од Скопје, денеска во Основниот кривичен суд Скопје призна вина.
Тој е обвинет за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе предлага докази.
-Се чувствувам виновен за сообраќајката, што не би сакал на никој да се случи тоа. Големо сочувство за фамилијата. Да можам да сменам нешто, би направил. За давање помош, сум давал помош. Да има камери таму… Кажувам дека сум давал помош на покојникот и не се чувствувам виновен за тоа, рече Нури во судницата.
Судот ја раздвои постапката за предметот и за првото дело, за кое Нури призна вина, рочиштето го одложи за 24. октомври, а за второто дело, во кое тој ќе се брани, судењето ќе продолжи на 11. ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое го прегази 68-годишниот скопјанец од куќен оди во затворски притвор