Фершпед лани со добивка

Фершпед АД Скопје лани остварил вкупни приходи од 4.221.416 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2024 година, истите се намалени за 10,5%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Оперативните приходи во износ 4.210.071 илјади денари учествуваат со 99,7% во вкупните приходи и истите се намалени за 11% во споредба со оперативните приходи во 2024 година.

Финансиските приходи во износ од 11.345 илјади денари бележат зголемување за 9% во однос на истите од претходната година, велат од таму.

Вкупните расходи во износ од 4.108.658 илјади денари се намалени за 10,5 % во однос на вкупните расходи во 2024 година.

-Оперативните расходи во износ 4.101.334 илјади денари се намалени за 11 % во однос на 2024 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 79% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 3.255.707 илјади денари.

Финансиските расходи во износ од 7.324 илјади денари бележат зголемување во однос на истите од претходната година.

Фершпед АД Скопје за периодот јануари-декември 2025 година оствари позитивен финансиски резултат  искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 99.374 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штерјо Наков реизбран за претседател на ОД на Фершпед, син му Драган Наков за генерален директор на компанијата

Фершпед ќе дели дивиденда од 720 денари бруто за акција

Фершпед со намалена добивка во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести