Оперативната добивка на Фершпед АД Скопје во првите девет месеци од годинава изнесувала 91.920 илјади денари и истата е намалена за 12% во однос на добивката во 2024 година истиот период, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупните приходи изнесуваат 3.018.763 илјади денари и истите бележат намалување за 14% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период минатата година.
-Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 3.010.955 илјади денари и се намалени за 14% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2024 година, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 2.919.224 илјади денари и истите бележат намалување од 14% во однос на истите мината година.
-Оперативните расходи се во износ од 2.919.035 илјади денари и истите се намалени за 14% во однос на оперативните расходи од 2024 година. Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пораст од 15%.
Нето добивката во анализираниот период изнесува 86.816 илјади денари што пoкажува намалување за 14% на истата во однос на добивката од минатата година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фершпед со добивка во првото полугодие














