FMS ја поддржа иницијативата за отворање на M6 Едукативен центар во Кавадарци

На 19. мај во Кавадарци свечено беа отворени новите простории на M6 Едукативен центар – регионален хаб кој има за цел да ги поврзе младите, образованието и бизнис секторот, поттикнувајќи развој на вештини, иновации и нови можности за идните генерации.

Центарот е основан во рамки на иницијативата за „Ангажирање на приватниот сектор“, како партнерство помеѓу M6 Едукативен центар, 30 македонски компании и проектот „Образование за вработување (E4E)“ имплементиран од Хелветас Северна Македонија, а поддржан од Амбасадата на Швајцарија.

-Како компанија која долгорочно верува во значењето на образованието, практичното знаење и одржливиот развој, FMS беше дел од поддржувачите на оваа иницијатива.

Поддршката од FMS опфаќа инвестиција во современи вентилациски решенија и надгледни средства за HVAC системите во просторот на центарот, овозможувајќи им на учениците и посетителите директен увид во функционирањето на современи технички системи преку реални примери и практична примена, информираат од таму.

Од компанијата истакнуваат дека вложувањето во знаење, младите и современите услови за учење претставува вложување во иднината на целото општество.

-Веруваме дека компаниите имаат важна улога во создавање можности за младите луѓе и во поддршка на образовни иницијативи кои носат долгорочна вредност за заедницата. Особено ни е важно што овој центар ќе овозможи практично учење, развој на вештини и директно запознавање со современи технологии, велат од FMS.

На свеченото отворање се обратија основачот на M6 Group, Светозар Јаневски, извршната директорка на M6 Едукативен центар, Елена Младеновска Јеленковиќ, заменик-амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Михал Харари, како и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Во нивните обраќања беше потенцирана важноста од соработка помеѓу образованието, институциите и приватниот сектор, како клучен предуслов за создавање квалификуван кадар, задржување на младите и поттикнување локален и регионален развој.

-FMS останува посветен на поддршка на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон подобри услови за учење, технолошки развој и создавање поквалитетна иднина за младите генерации, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести