(Галерија) Кои лидери од Западен Балкан дојдоа во Скопје за лидерската со ЕУ

Од вчера во Скопје се одржува лидерска средба Европска унија (ЕУ) – Западен Балкан.

Домаќин е македонскиот премиер Христијан Мицкоски, а во Македонија, освен еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, се и премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Албин Курти, претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто

Лидерската продолжува денеска, а главната тема е Планот на ЕУ за раст за регионот, кој предвидува средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во области, како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реформите, Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан – дел од темите на средбата на Мицкоски со Кос

(Фото) Марта Кос пристигна во Македонија, денеска и утре во Скопје лидерска ЕУ-Западен Балкан

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести