(Фото) На гнасно Скопје уште Ќосето му фалеше

Градоначалничката Данела Арсовска на Фејсбук информираше дека синоќа на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ е поставен споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето.

Неговиот споменик претходно беше поставен кај Судската палата во 2014 година кога градоначалник беше Коце Трајковски, а неговиот наследник Петре Шилегов го отстрани во 2018 година, оти бил дивоградба.

Информацијата предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Граѓаните на Скопје се бесни дека основни проблеми на Градот не се решени, од хигиена, загадување, до сообраќај, а на градоначалничката и Советот на Градот им дошло до споменици.

„Ќосето сигурно не се борел и загинал за вакво Скопје!“, пишува во еден од коментарите.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести