Најмногу прекршоци за брзо возење се регистрирани на излез од Скопје кон Тетово, односно 4.300 покажува системот „Безбеден град“.
На последните семафори кон Сарај, кога возачите сметаат дека се надвор од зоната на ограничено движење, има камери кои ловат за брзина поголема од 50км/ч, а нема соодветен знак. Втор по прекршоци е булевар „Никола Карев“, односно 3.000.
Најголема брзина за која е регистриран прекршок во тест периодот е 209 километри на час.
Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како граѓаните го прифатија „Безбеден град“: Најмногу реакции за казните за брзина од 51км/ч
Додека се чека со казнувањето, возачите почнаа да користат апликација за избегнување на прекршоци
Фото/МВР














