(Фото) Претседателката Сиљановска Давкова доби на подарок македонско овчарско куче, автохтона раса кое чека признавање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работат за афирмација на нашата автохтона раса.

„Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство.

На средбата ми беше подарено куче Караман, симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух.

Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот,“ вели Сиљановска Давкова.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести