(Фото) Пуштен дел од автопатот кон Охрид, делницата Пресека-Песочани

Денеска се пушти во употреба делницата Пресека-Песочани, дел од автопатот Кичево-Охрид.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштањето, најави дека следната година автопатот ќе биде целосно завршен и ставен во употреба.

„Ќе направиме се што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат иако пред нас сѐ уште има големи предизвици. Инаку, од Требеништа до Охрид ќе се вози по левата страна под времен режим на сообраќај додека на десната страна работиме интензивно со цел да го стави и тој дел од автопатот во функција.

Изградбата на автопатската делница е најважниот потег за развојот на стопанството и туризмот во регионот и земјава и тоа е мотив плус да продолжиме со засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.

Во моментов и на останатите подделници градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно со новиот динамички план за изградба на автопатот. Забрзано се градат и пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и на пристапен пат до село Горенци, село Оровник и Мешеишта. Изградбата на овие пристапни патишта е многу важна затоа што од нивната изградба зависи и пуштањето на делот од автопатот од Климештани до Охрид,“ изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести