Откако „Македонско село“ беше отвoрено вчера, тоа од денес е достапно за туристи, ученици, студенти, како и за организирани културни настани и работилници.
„„Македонско село“ е етно-комплекс кој прикажува автентични куќи и стилови од различни региони на Македонија, како што се тетовска, беровска, битолска, крушевска, охридска и други.
Секој објект е уреден во духот на традиционалната македонска архитектура, со цел да се зачува културното наследство и да се доближи до посетителите преку гастрономија, занаети, уметност и етно-содржини.
Повторното отворање на „Македонско село“ е чекор напред во заживувањето на културниот туризам и афирмацијата на македонскиот идентитет.
Се очекува тоа да стане една од најпосетуваните дестинации во околината на Скопје,“ велат од Агенција за промоција и поддршка на туризмот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Отворено „Македонско село“
Фото: АППТ