Андреј Пајмакоски, еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално се најде во новиот број на престижното модно списание Хај Волтаж. Иако нашиот Андреј веќе има соработувано со најголемите светски брендови како Versace и Boss овој пат се најде во моден едиторијал каде е облечен во неколку оригинални модни парчиња.
„Неговата фантастична кариера како интернационален модел го одведе во различни модни центри каде го градеше своето респектабилно портфолио.
Пајмакоски ги поседува сите модни параметри за успешна кариера ако на тоа се додаде и неговата огромна посветеност, успехот е неминовен.
Посебно сме горди што имаме неколку машки модели кои работат рамо до рамо со најдобрите признати светски модели помеѓу кои е нашиот единствен Андреј,“ велат од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент.



















