Македон постигна исклучителен успех освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада успехот е уште поголем заради тоа што е обезбеден со максимален број на бодови, информираше неговиот татко Владимир Димитровски.
„Со овој резултат тој обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое ќе се одржи во мај 2026 .
Овој успех е доказ за неговата посветеност, знаење и талент.
Добивме најубав поклон за нова година ти благодарамe,“ пишува Димитровски на Фејсбук.
Македон Димитровски беше избран за Личност на годината на еМагазин.мк, за 2023 година.

Фото/еМагазин.мк














